
Чешка гостува во Унгарија, Украина игра против Холандија
Два наши противника во првата фаза од Европското првенство во ракомет денеска ќе ги имаат претпоследните контроли пред настапот во Виена.
Селекцијата на Чешка попладнево од 16 часот во Ѓер ќе го одигра првиот од двата дуели со Унгарија додека за 17 часот и 15 минути закажан е стартот на мечот во кој Украина за противник ја има Холандија.
Украинците на стартот од Yellow Cup што се одржува во Швајцарија вчера забележаа убедлив пораз од 32:22 во мечот против домаќинот, а настапот на турнирот го завршуваат утре со натпреварот против Тунис.
На меѓународниот турнир во Шпанија, домаќинот денеска за противник ја има Полска, а во првиот меч од програмата Русија игра против Португалија.
Словенија од 17 и 30 ќе се сретне со Црна Гора, а репрезентацијата на Германија ќе игра контролен натпревар со Исланд.
На турнирот во Пореч, Хрватска ќе се соочи со Босна и Херцеговина, а утре избраниците на Лино Червар ќе се соочат со Катар.