Червар по пет месеци го напушта Загреб

На денешната прес конференција во пресрет на дуелот од Лигата на шампионите против Нант, тренерот на Загреб, Лино Червар најави дека на крајот од овој дел од сезоната ќе се повлече од функцијата.

“Ни остануваат уште два натпревари во Лигата на шампионите и неколку меча во СЕХА така да ќе имам уште обврски во клубот. По завршувањето на овој дел од сезоната ќе се повлечам од водењето на Загреб и ќе се посветам на ангажманот во репрезентацијата. Ќе работам на унапредувањето на тренерската струка кај нас бидејќи во овој сегмент сме многу дефицитарни и мораме да формираме стручни штабови во сите селекции бидејќи следната година не очекуваат дури три Светски првенства”, рече Червар.

Тој на чело на клубот дојде во текот на летото и по само пет месеци работа во Загреб реши да се повлече од функцијата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ