
Червар го објави списокот за Мундијалот во Германија
Лино Червар, селекторот на репрезентацијата на Хрватска денеска ги објави имињата на 28-те ракометари на кои смета за настап на Мундијалот во Германија и Данска.
Селекцијата на Хрватска е еден од нашите конкуренти во првата фаза од натпреварувањето заедно со Шпанија, Исланд, Јапонија и Бахреин.
“Групата воопшто не е лесна. Тука се Шпанија, Исланд и Македонија, а ако минеме во следната фаза не очекуваат Германија и Франција. Повредите на Павловиќ, Мамиќ и Мариќ се голем хендикеп, но ако не дај боже ни се повредат Циндриќ и Дувњак како на Европското првенство тогаш сме во големи проблеми. Наша основна цел е да бидеме меѓу седумте најдобри на првенството што ќе ни донесе шанса да се бориме за настап на Олимписките игри во Токио”, изјави хрватскиот селектор.
Тој потенцираше дека во Германија ќе води 16 играчи и ако има потреба Минхен е блиску и ќе може да повика некој од останатите на списокот да се пополни тимот.
Во првиот натпревар на првенството на 11 јануари Хрватска се среќава со Исланд додека мечот со Македонија на програмата е три дена подоцна.
СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ:
ГОЛМАНИ: Марин шего (Пик Сегед), Иван Стевановиќ (Шафхаузен), Филип Ивиќ (Кјелце), Мате Шуњиќ (Иври)
ДЕСНИ КРИЛА: Златко Хорват (Загреб), Јосип Блажевиќ Павлетиќ (Загреб), Иван Вида (Нексе)
ЛЕВИ КРИЛА: Мануел Штрлек (Веспрем), Давид Мандиќ (Загреб), Ловро Михиќ (Висла Плоцк)
КРУЖНИ НАПАЃАЧИ: Жељко Муса (Магдебург), Леон Шушња (Загреб), Кристијан Беќири (Целје), Крешимир Козина (Гепинген), Марин Шипиќ (Нексе)
ЛЕВИ БЕКОВИ: Домагој Дувњак (Кил), Халил Јагањац (Нексе), Дамир Бичаниќ (Загреб), Иван Слишковиќ (Гепинген), Ален Блажевиќ (Пик Сегед)
СРЕДНИ БЕКОВИ: Лука Циндриќ (Кјелце), Игор Карачиќ (Вардар), Ловро Јотиќ (Загреб0
ДЕСНИ БЕКОВИ: Лука Степанќиќ (Пари Сен Жермен), Јаков Вранковиќ (Татабања), Лука Шебетиќ (Трембле), Иван Сршен (Загреб), (Јосип Векиќ (Загреб)