Буфон на голот кај Јувентус до 2021
Ракувањето во услови на пандемијата ќе почека но Џиџи Буфон и претседателот на Јувентус Андреа Ањели, се согласија да го обноват договорот до 2021 година.
Весникот „Тутоспорт“, открива дека 42-годишниот голман го склучил договорот по телефенот.Буфон одлучи да ја продолжи кариерата во Торино под истите услови. Официјалното потпишување ќе биде во првата прилика кога ќе се состанат со претседателот Ањели .Буфон по кусата екскурзија во ПСЖ, лани се врати во редовите на „Старата дама“ и бранеше на седум натпревари.