Буџаку: ЦУК е во полоша состојба отколку пред 15 години
Пожарите беснеат, а Центарот за управување со кризи е во полоша состојба отколку во времето кога се формираше.
Ваква е оценката на актуелниот директор на ЦУК, Агрон Буџаку, кој со институцијата управуваше и во 2005, односно беше нејзиниот прв директор.
Во интервју за Радио Слободна Европа, Буџаку, потенцира дека располагаат со премал буџет, од кој 92 отсто го трошат само за плати, а кој идната година, според проекциите на Министерството за финансии, дополнително ќе се скрати.
Се жали, дека немаат пари да превенираат непогоди, иако основната функција на ЦУК, е токму таа.