
Бубевски: Врховниот суд и Вангеловски придонесуваат за недовербата на граѓаните
Недозволиво е и понатаму да се одложува затворската казна на ексминистерката Јанкуловска бидејки нејзиното бебе деновиве полни една година и со тоа се исполнети условите од зкаонот за извршување на санкции смета обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски.
Тој вели дека не ја видел одлуката на Врховен и не знае кои се причините поради кои Јанкуловска в понедленик нема да оди во Идризово Се согласува со коментарите дека е симптоматично тоа врховен пронаоѓа основи за одлагање на казните високи функционери.
-Денеска или утре истекува рокот, детето полни една година, се над тоа е нешто што е недозволено, вели Бубевски.
Во однос на специјалниот извештај на СЈО во кој се посочуваат 4-ца судии меѓу кои и претседателот на Врховен Јово Вангеловски, Бубевски вели го известиле Судскиот совет и очекува и апелира советот да си ја заврши својата работа.
Оваа изјава Бубевски ја даде пред почетокот на конференцијата за судски реформи организирана од невбладините кои ги следат судските реформи . Внатре во говорот беше уште подиректен на сметка на Врховниот суд и претседателот Јово Вангеловски
“Сакале или не да признаеме, корупцијата и високиот криминал не успева без поддршка од правосудниот систем, односно негово активно учество. Секојдневно сме сведоци на разни вратоломии кои ги прави правосудниот систем на чело со Врховниот суд и неговиот прв човек како центарфор и со право граѓаните немаат речиси никаква доверба” – подвлече обвинителот Гаврил Бубевски.
Со правното мислење на Врховниот суд според кое на СЈО му е истечен рокот за обвиненија и истраги но и со неносењето на новиот закон зај авно обивнителство, СЈО се држи во вештачка кома, и затоа бележи пониска доверба на анкетите смета Бубевски.
Во моментов преговорите за законот со кој се решава статусот на СЈО опозицијата стагнираат.
“Деновиве нема преговори. Летово нема да мируваат преговорите. Очекуваме најдоцна до септември да го донесеме законот, се надеваме ќе се усогласиме со ВМРО ДПМНЕ” – рече заменик министерот за правда, Оливер Ристовски.
А во септември и истекува мандатот на специјалната обвинителка Јанева. Ристовски вели таа може повторно да се јави на огласот. Меѓу правната фела има и различни толкувања околу тоа дали постои можност уште една година да остане на чело на СЈО како вршител на должност.
За отворените прашања околу сегашното и идното функционирање на СЈО, професорот по кривично право Гордан Калајџиев констатира дека постои поделеност општестовто.
“Правниот систем е суштински поделен. Од една страна има недоверба во Врховниот суд, а од друга страна се Министерството за правда, обвинителството и делумно повеќе или помалку странски амбасади, вели професорот по кривично право, Гордан Калајџиев.
Судството мора да пресече по правото а не по политиката порачува Калајџиев кој констатира дека судиите се мегу чеканот и наковалната.
А предметот Талир за финансирањето на ВМРО ДПМНЕ кој е покренат по 1 јули 2017 та, четири месеци никако да почне со судење. Се одложи и денеска поради здравствени причини на еден поротник од судечкиот совет.
Елена Ивановска Мукоска