Британските парламентарци во обид да најдат излез од ќорсокакот за Брегзитот

Британските пратеници се подготвуваат да гласаат за најпосакуваните решенија за излез од кризата околу Брегзитот, додека премиерката Тереза Меј најави нови разговори со дел од пратениците од својата партија, во обид да ја добие нивната поддршка за договорот.

Дел од нив најавиле дека Тереза Меј мора да прецизира точно кога ќе се повлече од функцијата, за да има било каква надеж дека во третиот обид ќе успее да ја освои поддршката на пратениците за нејзиниот план за Брегзит.

Откако во настанот без преседан, пратениците во долниот дом на британ. Парламент одлучија да ја преземат контролата на процесот на Брегзит, тие денеска треба да гласаат и за можните решенија на кризата.

Спикерот на законодавниот дом, ќе селектира повеќе опции, кои најверојатно ќе се движат од откажување на Брегзитот па се до напуштање на ЕУ без договор, при што пратениците на ливче хартија ќе треба за секоја опција да се изјаснат со “за” или “против”.

Процесот најверојатно ќе продолжи и наредната недела, но останува нејасно дали пратениците ќе може да гласаат слободно или ќе мора да ги почитуваат желбите на партиските лидери.

Истовремено, денеска се очекува дека шкотскиот парламент и формално да гласа за поддршка на барањата за откажување на Брегзитот.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ