Бристол ги избрка „ѓаволите“ од англискиот Лига Куп
Англискиот второлигаш Бристол сити синоќа дојде до еден од најголемите успеси во својата историја откако го елиминираше големиот Манчестер јунајтед и се пласираше во полуфиналето на Лига Купот.
Иако Жозе Мурињо се одлучи за силен состав предводен од Пол Погба и Златан Ибрахимович, членот на Чемпионшип дивизијата пред своите гледачи на стадионот „Ештон Гејт“ славеше сензационална победа од 2-1.
Изненадувањето го најави Џо Брајан во 51-та минута со прекрасен гол. Седум минути подоцна Златан Ибрахимовиќ од слободен удар го израмни резултатот на 1-1. Кога се очекуваше последниот свиреж од главниот судија, Бристол дојде до победата благодарение на голот на Кори Смит во 93-тата минута од натпреварот.
Во полуфиналето Бристол ќе игра со Манчестер Сити, а другата двојка е Челзи против Арсенал.