Брестовац: Не знаеме како ќе игра Загреб под водство на Тамше

Металург во сабота во „Борис Трајковски“ го пречекува фаворитот Загреб во рамки на СЕХА-лигата.

Гостите доаѓаат со нов тренер на клупата, Бранко Тамше, кој го замени Лино Червар. Загреб е фаворит, но од таборот на македонскиот вицепрвак се надеваат дека со добра и борбена игра можат да изненадување.

“Ова е прв натпревар во пролетната полусезона после СП и можеби е најтежок за нас. Позитивно е што играме на домашен терен, а минус е тоа што се работи за добар противник. Загреб ќе дојде со нов тренер, но и со најсилниот состав. Познавајќи го Тамше од Целје, тој е дијаметрално спротивен тренер од Червар и тој сака да игра повеќе брз ракомет. На самиот натпревар ќе мораме да се адапатираме на начинот на кој ќе игра противникот, но тешко е да се подготвиме затоа што не знаеме дали ќе играат на истиот начин од претходно. Можам само да погодувам како ќе играат. Во последните денови имаме два тренинзи дневно. Миличевиќ има проблеми со рамото, а Шпенде тренира со намален интензитет, иако неговата повреда не делуваше сериозно. Ќе го користиме повеќе и Михајлo Обрадовиќ во одбрана, тој напредува добро. Ако се придружуваме на нашиот систем и имаме свежина, тогаш се надевам дека ќе го дадеме најдоброто и ќе фатиме континуитет со добрите натпревари од Франција“, вели тренерот Данило Брестовац.

„Јас мислам дека, ако сите го дадеме нашиот максимум на овој натпревар, ќе и парираме добро на екипата на Загреб. Мораме да играме дисциплирнирано, да немаме избрзани шутеви. Имаат поискусни играчи од нас, но сепак јас се надевам дека ќе бидеме комплетни и ќе можеме да одиграме на високо ниво“, додава младиот Михајло Младеновиќ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ