Брестовац го објави конечниот список за Исланд

По вечерашниот тренинг одржан во арената Борис Трајковски, селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави конечниот список на играчи кои ќе бидат во комбинација за дуелот против Исланд в среда во Рејкјавик.

Во Скопје остануваат третиот голман Мартин Томовски, Димитар Димитриоски, Мартин Манасков и Мартин Серафимов.

По подолга пауза во составот се најде Милорад Кукоски кој треба да ја засили одбраната, а меѓу повратниците е и кружниот напаѓач Никола Марковски. Во составот има и двајца дебитанти Томислав Јагуриновски и Бојан Маџовски.

Ракометарите утре рано наутро заминуваат за Рејкјавик каде в среда со почеток од 21 часот и 45 минути ќе го одиграат првиот дуел во овој квалификациски циклус со репрезентацијата на Исланд.

Мечот од Рејкјавик ќе можете да го следите низ директен пренос на Телма, а нашата специјална емисија стартува во 21 часот и 15 минути.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ