Браун со нов предлог за продолжение на Ф1 шампионатот

Извршниот директор на Формула 1, Рос Браун изјави дека челниците на шампионатот размислуваат за нова варијанта како да се продолжи сезоната.

Со оглед на фактот дека скоро половина од трките се одложени или откажани се планира натпреварувањето да се одржи со забрзано темпо и на една патека да се одржат по две трки и тоа со пауза од неколку дена.

Како идеално место за одржување на трките Браун ја потенцираше патеката во Австрија која според него е идеална бидејќи е далеку од градските средини, а земјата е во централна Европа и членовите на тимовите може лесно да пристигнат.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ