БОТАС НА ПОЛ ВО СИЛВЕСТОУН,ХАМИЛТОН НА 2.МЕСТО

Тандемот на Мерцедес го окупираше првиот стартен ред за утрешната трка на Силверстоун.Ватлери Ботас стигна до  4. пол позиција  сезонава со предност од само  6 илјадити делови од секундата пред  клупскиот колега Луис Хамилтон.Во иста десетинка со двоецот на Мерцедес се најде и  денеска побрзиот пилот на Ферари, Шарл Леклер.Возачот од  Монако имаше трет резултат,а до нега ќе стартува Макс Ферстапен од Ред Бул. Гасли, Фетел, Рикиардо, Норис, Албон и Хулкенберг  влегоа уште  во првите 10 на квалифиакциите. Лидер во генералниот пласман  после 9.трки     е Хамилтон.Актуелниот светски шампион има  197 бодови, 31 повеќе од Ботас.Трет е Ферстапен  со 126 бодови.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ