
Борозан опериран ќе паузира два месеци
Ракометарот на Вардар, Вуко Борозан денеска успешно го оперираше коленото и според првите процени на лекарите тој од терените ќе отсуствува во следните два месеци.
Црногорскиот интернационалец веќе подолго време има проблеми со коленото и поради тоа беше принуден да настапува само во мечевите од Лигата на шампионите.
Борозан на екипата ќе и се приклучи на почетокот од вториот дел од сезоната и ќе му помогне на тимот да постигне што е можно подобар резултат во елитното натпреварување и во одбраната на трофејот во СЕХА лигата и домашното првенство.