
Боки 13 смеел да ги види сите докази освен сведочењето на неговиот пријател и осомничен Зоки Кичеец
Три и пол часа. Толку се задржа Боки 13 во обвинителството за организиран криминал и корупција гледајќи ги доказите кои се против него за случајот Рекет. И нему и на неговиот адвокат им било овозможено да видат се освен еден исказ, на второосомничениот Зоран Милевски Кичеец, кој од денес е во домашен притвор откако обвинителството се согласи на тоа.
За адвокатот Дуковски е чудно, зошто обвинителството на увид им го дало првиот исказ на Кичеец кога тој се уште бил повикан како лице кое може да помогне во истрагата, а не им го дало вториот исказ кога беше повикан како осомничен.
Уште повеќе зачудува што се тврдеше дека тој во вториот случај се бранел со молчење.
Истрагата за случајот “Рекет” е завршена во делот за парите на бизнисменот Орце Камчев.
Во доказите се и снимките кои веќе ги виде и слушна јавнста преку италијанскиот весник, но и други докази зачувани на ЦД – а, додека вештачењата за сега не се изработени.
Сепак за да се разгледа целиот доказен материјал ќе треба уште неколку денови, по што ќе биде закажан термин за исказ на Бојан Јовановски.
Сепак утрешниот термин е закажан за екс специјалната обвинителка Катица Јанева, која исто така побара да ги види доказите па да се брани.
Билјана Николовска