Бојан Костов освои сребро на младинското ЕП во карате
Каратистот Бојан Костов е европски вицепрвак во кадетска конкуренција.
Костов загуби во големото финале, па мораше да се „утеши“ со сребрениот медал, но и ова е огромeн успех за македонското карате на првиот ден на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори во Алборг, Данска.
Тој на падот до големото финале победи во четири борби против каратисти од Холандија, Словачка, Италија и Германија. Во финалето беше поразен со убедливи 8-0 од русинот ахмед ахмедов. Во категоријата -64 килограми Стефан Стојановиќ го освои 5.место.
Утре ќе настапат јуниорите, додека во недела на татамите во Алборг ќе се појават и помладите сениори.