
Бод како „планина“: Македонија ремизираше со европскиот шампион Германија
Македонија одигра 25-25 против Германија во рамки на третото коло во Групата Ц на Европското првенство во Хрватска.
Со ова реми нашата репрезентација во следната главна фаза во Вараждин ќе пренесе три бода и ќе има сериозни шанси за висок пласман на овој континентален турнир.
Одигравме уште еден фантастичен натпревар, овој пат против европскиот првак, а имавме и добра шанса да победиме. Стојанче Стоилов на 15 секунди до крајот утна зицер, односно Силвио Хајневетер одлично одбрани. Германија во последниот напад не успеа постигне гол за победа.
Борко Ристовски со 12 одбрани беше човек на натпреварот, додека Филип Талески со шест голови беше најпрецизен во таборот на Македонија.