БЛОКОТЕХНА ПРЕТРПЕ ПОРАЗ ОД ЛЕВСКИ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА БИБЛ ЛИГАТА

 

Кошаркарите на Блокотехна пропуштија можност во деби сезоната да се пласираат во финалето на БИБЛ лигата.На Ф4 турнирот во Самоков,составот од Гевгелија имаше предност во дуелот со Левски се до последната четвртина.Тимот од Бугарија успеа со неколку тројки да направи пресврт и на крајот победи со 85-81. Смит со 21 поени беше најпрецизен кај Блокотехна,, Главчев постигна 19 поени, Младеновиќ 16 ,Мијатовиќ 14 поени. Аврамов со 26 и Маринов со 19 поени беа најефикасни кај Левски ,екипата во која се пресели поранешниот стратег на МЗТ Скопје, Александар Тодоров.Утре во меч за 3.место, Блокотехна ќе се сретне со Рилски кој изненадувачки беше поразен со 72-71 во второто полуфинале од Башкими.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ