Биното: Сезоната во Ф1 може да заврши и во 2021
Матија Биното, првиот човек на Ферари во Ф1 изјави дека тимовите се во постојана комуникација и прават обид заедно со претседателот на Формула 1 Чејс Кери и со ФИА што е можно побрзо да направат нов распоред.Во игра се неколку опции ,трките да бидат поблиску една до друга, да има натпрвевари во јануари, како и откажување на тренинзите во петок.Кери претходно истакна дека очекува сезоната да започне во текот на летото, со ревидиран календар од 15 до 18 трки.Според правилникот на Формула 1 потребно е да се одржат најмалку осум натпревари за шампионатот да се прогласи за важечки. Календарот за 2020 содржи 22 Гран При викенди а првите осум се откажани поради пандемијата на коронавирусот.