БИБЛ нуди најмалку две места за македонските екипи за 2020/2021

Челниците на Балканската кошаркарска лига (БИБЛ) испратиле допис до Македонската федерација со покана за учество во натпреварувањето на најмалку два клуба од нашата земја.

Во БИБЛ-лигата во оваа актуелна сезона, која беше прекината поради коронавирусот, не учествуваше ниту еден македонски тим,  а интересно се’ уште актуелен шампион е Блокотехна од Гевгелија, која лани го освои завршниот турнир во Тирана.

Челниците на регионалното натпреварување сега ги канат македонските екипи и има отворена понуда за учество за сезоната 2020/2021 и тоа на најмалку два тима. Исти такви покани стигнаа и до националните федерации на Албанија, Бугарија, Косово, Црна Гора,  а постои можност во лигата да биде вклучена и некоја екипа од други земји на Балканот.

Во зависност од бројот на пријавените екипи, БИБЛ предвидува формат за играње со осум, односно со 10 или 12 клубови учесници. Натпреварите би стартувале на 20.октомври, а сезоната би била завршена со финален турнир во период од 16. до 18. Април, 2021 година.

КФСМ доби можност да пријави четири екипи во квалификациите за Лигата на шампионите на ФИБА, а може да пријави и два тима во АБА2-лигата за следната сезона.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ