Без спорт и тренинзи во Италија и во месец април

Италијанскиот министер за Спорт планира да ја продолжи забраната за спорт  и натпревари во земјата и за месец април. Винченцо Спадафора за италијанскиот весник „Ла Република“ изјави дека разговорите за рестартирање на фудбалската Серија А на 3 мај се „нереални“ и тоа е ставот што ќе го презентира на утрешниот состанок во Владата.Дел од  клубовите  како Лацио и Наполи вршеа притисок да започнат со тренинзите оваа недела.Најмалку 15 играчи во Серија А се тестирани  позитивно на Ковид 19.

Спадафора  најави и дека Италијанската Влада ќе издвои 400 милиони евра за обнова на спортот во земјата.Со мерката ќе бидат опфатени сите спортови и на аматерско и на професионално ниво.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ