Без победник во Суперкласико

Во првиот меч за трофејот во Купот на Америка, вечните ривали од Буенос Аирес, Бока Јуниорс и Ривер Плата играа без победник 2:2 и одлуката за тоа кој ќе биде новиот шампион на Јужна Америка ќе биде донесена на реваншот на Монументал.

Бока Јуниорс поведе со голот на Абила во 34-тата минута, а веќе во следниот напад Прато го израмни резултатот.Во судиското надополнување во првото полувреме Бенедето беше стрелец на погодокот за водство на Бока од 2:1.Конечниот резултат го постави Искиердос во 61-та минута.

Реванш дуелот ќе се одигра на стадионот на Ривер Плата на 24 овој месец, а почетокот е закажан за 21 часот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ