Без победник во мечот Вајлдер – Фјури

Дуелот меѓу актуелниот шампион во тешка категорија во верзијата на WBC, Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури што рано утрово се одржа во Лос Анџелес заврши без победник и бранителот на појасот и натаму се задржа на тронот.

Предизвикувачот Фјури беше подобар во поголемиот дел од мечот, но на два пати беше многу блиску до пораз. Во 12-тата рунда Вајлдер успеа да пласира неколку удари, Фјури беше во нокдаун, но сепак го издржа налетот на противникот.

Според бодувањето на судиите, едниот му даде предност на Фјури од 114:112, вториот се реши за Вајдер со 115:111, а третиот бодуваше со 113:113.

Според најавите двајцата боксери повторно ќе се соочат во нова борба за појасот во верзијата на Светскиот боксерски совет, а светот е во исчекување на мечот за обединување на сите титули во кој ќе се сретнат Вајлдер и Ентони Џошуа.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ