Белград домаќин на Ф8 во Еврокупот?
Иако се уште нема официјална потврда, медиумите во Италија објавија вест дека завршниот турнир во кошаркарскиот Еврокуш ќе се одржи во Белград. Решавачката битка за титулата во второто по ранг европско клупско натпреварување би требала да почне на 4 јули, а за трофејот ќе се борат осум клуба. Конечната одлука треба да биде донесена на 24 овој месец по состанокот на Извршниот одбор на Евролигата.