
Белгијците сигурно до победата: Панама немаше шанси за сензација (ВИДЕО)
Белгија ја потврди својата фаворитска улога против Панама и славеше со убедливи 3-0 во рамки на 1.коло од Групата Г на Светското првенство.
По првото полувреме беше 0-0 во кое „црвените ѓаволи“ не реализираа неколку добри шанси, а мразот го срши Дрис Мертенс со ефект гол на стартот на вториот дел.
Победата на Белгија ја запечати Ромелу Лукау со два гола, првиот го постигна во 69-тата минута, а шест минути подоцна и вториот.