
Барти од утре на врвот на ВТА
Ешли Барти во финалето на турнирот во Бирмингем со 2:0 по сетови 6:3 и 7:5 славеше во дуелот против Јулија Гергес. По овој триумф победничката на последниот РОлан Гарос ќе избие на првото место на ВТА листата и по 21 недела ќе симне од врвот Јапонката, Наоми Осака.
Барти е само втората тенисерка од Австралија која во еден момент била водечка кај дамите. Претходно лидер на листата била Гулагонг Коули во 1976 година.