БАРСЕЛОНА И РЕАЛ ВО ПОДГОТОВКИ ЗА ТРЕНИНГ
Шпанскиот фудбал засега е далеку од продолжување на сезоната ,но денеска почна процедурата за активирање тренажниот процес.
Фудбалерите на Барселона и на Реал Мадрид денеска беа на рапорт во тренинг центрите каде ја почнаа задолжителната проверка.Во тек се индивидуалните тестирања на играчите и на стручниот штаб, пред екипите да добијат зелено светло за старт со тренинзи што е дел од протоколот за заштита од Корона вирусот.Претходно шпанската влада ублажи дел од ограничувањата и клубовите ќе може да практикуваат тренинзи од 11 мај. Барселона до моментот на прекин на Ла Лига е водечка на табелата со 58 бода, два повеќе од Реал а до крајот на сезоната има уште 11 кола.