
Бабунски официјално една година на клупата на Вардар
Бобан Банунски и официјално останува тренер на фудбалскиот клуб Вардар и следната сезона.
Тој кон средината на април го замени Чедомир Јаневски, кој си замина поради слабите резултати на тимот во пролетната полусезона.
Бабунски претходно беше координатор на младинската школа на „црвено-црните“, а во последните девет кола од првенството под негово водство, тимот освои само седум бодови, односно имаше скор од шест порази, две победи и едно реми.
Во стручниот штаб ќе му се приклучат Љупчо Колев, Сашо Тодоровски и Раденко Бојовиќ, а таму остануваат и Александар Васоски и тренерот на голманите Саша Илиќ.