
Австрискиот селектор го објави конечниот список
Селекторот на австриската репрезентација Алеш Пајович го објави конечниот список на играчи кои ќе настапат на Европското ракометно првенство.
Прва ѕвезда во тимот е капитенот Никола Билик, кој го носи дресот на Кил, а во составот има ракометари кои настапуваат во Германија, Португалија и Швајцарија.
Селекцијата на Австрија е еден од нашите противници во групата, а против домаќинот на шампионатот ќе се соочиме во последното коло од првата фаза на 14 јануари, а почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот и 15 минути.
ГОЛМАНИ: Томас Бауер (Порто), Томас Ајхенбергер (Грац)
ЛЕВИ КРИЛА: Себастијан Фримел (Шафхаузен), Раул Сантос (Лајпциг)
ЛЕВИ БЕКОВИ: Александер Херман (Гумерсбах), Никола Билик (Кил)
СРЕДНИ БЕКОВИ: Јакоб Јохман (Кремс), Цајнер (Алпла Хард)
ДЕСНИ БКОВИ: Борис Живковиќ (Алпла Хард), Јанко Божовиќ (Гумерсбах)
ДЕСНИ КРИЛА: Роберт Вебер (Нордхорн), Давид Брандфелнер (Фиверс)
ПИВОТИ: Фабијан Пош (Алпла Хард), Тобијас Вагнер (Фиверс), Лукас Хербургер (Шафхаузен)