Австрија не е за потценување: Чешка падна во Виена

Австрија како еден од домаќините на Европското првенство стартуваше со триумф од 32-29 против Чешка во 1.коло од групата Б во која се натпреварува и македонската репрезентација.

Домашната селекција подобро го почна натпреварот и имаше постојано водство, но не повеќе од два гола разлика. Работите се сменија во корист на Чешка по влегувањето во игра на Ондреј Здрахала, па на полувремето оваа репрезентација имаше водство од 14-13.

На стартот на второто полувреме благодарение на одбраните на голманот Томас Ајхбергер, Австрија направи серија од 5-1 за да поведе со 18-15. Чешка имаше уште еден налет, кога израмни на 22-22, но тоа беше се што успеа да направи на овој натпревар. Австријците одговорија со нова серија од 3-0 и предноста ја задржаа до самиот крај за конечни 32-29.

Микола Билик со 12 голови беше најдобар во составот на Австрија, додека Јанко Божовиќ постигна седум голови. Јакуб Хрстка со шест голови беше најдобар кај Чесите, додека Ондреј Здрахала пет пати се запиша во листата на стрелците.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ