
АТП МАСТЕРС МОНТЕ КАРЛО: НАДАЛ И НИШИКОРИ ЌЕ ИГРААТ ЗА ТИТУЛА
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и јапонецот Кеи Нишикори ќе играат во финалето на турнирот од Мастерс серијата што се одржува во Монте Карло.Во првото полуфинале,Надал за 92 минути игра во два сета со 6-4 и 6-1 го победи бугаринот Григор Димитров и по 12 пат се пласираше во завршниот меч на турнирот во Монако каде е рекордер со 10 титули.Во одбрана на насловот,Надал во финалето ќе игра против Кеи Нишикори.Јапонецот во второто полуфинале со 2-1 во сетови (3-6,6-3 и 6-4) го совлада Александар Зверев.