
АО:ЃОКОВИЌ И СЕРЕНА ВИЛИЈАМС ЛЕСНО ДО 3.КОЛО
Новак Ѓоковиќ рустински го мина 2.коло во Мелбурн.Водечкиот светски тенисер со 6-3,7-5 и 6-4 во реприза на финалето во Мелбурн од 2008 година, го порази Жо Вилфред Цонга. Французинот настапи со вајлд карта.Во 3.коло,Ѓоковиќ ќе игра со Шаповалов.Маратонски меч во пет сета одиграа Кеи Нишикори и Иво Карловиќ.Победи седмиот носител,Нишикори.Јапонецот имаше водство од 2-0 но ги загуби следните два сета од хрватскиот ветерен и на крајот после три часа и 48 минути игра во тај брејк го затвори решавачкиот петти сет.Неизвесен дуел со тај брејк во сите четири сета се одвиваше и во пресметката помеѓу Раониќ и Вавринка.Победи 16. носител ,канаѓанецот Раониќ со 3-1.Вавринка шампионот од 2014 во Мелбурн, сезонава заврши во 2.коло.Пласман во 3.коло изборија уште Зверев, Чориќ,Фоњини,Медведев,Гофан,Карењо Буста,Шаповалов,Соуса,Крајиновиќ и домашниот тенисер Попирин отако неговиот противник,седмиот носител Доминик Тим го предаде мечот.
Во женска конкуренција немаше изненадувања.Седумкратната шампионка Серена Вилијамс во два сета со по 6-2 ја порази канаѓанката Еугени Бушар и во наредното коло ќе се сретне со украинката Јестремеска.Првата носителка на турнирот, Симона Халеп од Романија одигра сет повеќе против американката Кенин,6-3,6-7 и 6-4 за пласман во 3.коло.Од носителките,второто коло во Мелбурн успешно го минаа и Осака,Свитолина,Плишкова,Севастова,Кејс,Мертенс,Ванг ,Џорџи како и Венус Вилијамс која во ланското финале на Австралија Опен беше поразена од својата помлада сестра, Серена Вилијамс.