Англиско дерби во Лондон, Ливерпул домаќин на Порто

По пауза од една деценија Англија има четири претставници во четврт-финалето од Лигата на шампионите, а вечерва три од нив ќе ги одиграат првите дуели за влез меѓу четирите најдобри. Едно е сигурно дека Островот ќе има барем еден полуфиналист и тоа подобриот од соочувањето меѓу Тотенхем и Манчестер Сити.

Вечерашниот дуел ќе биде вкупно 157-ми меѓу двата ривала, Тотенхем има 60, а Сити еден триумф повеќе. Меѓутоа во последниве мечеви Манчестер Сити е далеку подобар ривал бидејќи има низа од четири последователни победи, а Тотенхем бележи само еден триумф во изминатите шест.

И двата тима имаат половичен успех во четврт-финалните настапи. Тотенхем пред 57 години играл во полуфиналето на елитното натпреварување додека Сити во 2016-тата беше елиминиран од Реал Мадрид.

Во репризата од минатогоишното осминафинале, Ливерпул за противник го има Порто. Тимот од Енфилд минатата година во двата меча имаше вкупен резултат од 5:0 и на крајот стигна до финалето каде беше совладан од Кралскиот клуб.

Црвените зад себе имаат дури 14 настапи во четврт-финалето и 10 пати бил дел од полуфиналето додека Порто по 11-ти пат е дел од овој сегмент и само два пати минал во следната фаза.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ