Англискиот елитен фудбал официјално се враќа на 17 јуни

Фудбалот во Англија ќе продолжи на 17 јуни со два натпревари Манчестер  сити –  арсенал и Астон Вила против Шефилд јунајтед. Овие два натпревари беа одложени од претходно поради Лига купот, викендот што следува 19-21 јуни ќе се игра регуларното 30-то коло во Премиерлигата.

Оваа одлука ја донесоа клубовите на денешниот состанок со челниците на лигата. До крајот на сезоната има да се одиграат уште вкуно 92 натпревари, а последно фудбал во англиската елита се играше на 9 март. Лидер на табелата е Ливерпул, кој има фантастични 25 бодови предност пред Манчестер сити девет кола до крајот. На последните две позиции кои водат ранг подолу, односно во Чемпионшип дивизијата се наоѓаат Бормут, Астон Вила и Норич.

Вчера клубовите едногласно донесоа одлука за отпочнување на тренинзи со контакт. Во Премиерлигата изминативе две недели се одвива масовно тестирање за Ковид-19 во клубовите. Досега беа направени три фази од тестирањето и 12 лица беа позитивни од направени вкупно 2.752 теста. Во текот на денешниот ден и утре ќе биде направена и четвртата фаза од тестирањето за коронавирус.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ