Ангеловски: Вечерва играме за голема цел

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Вадуц против Лихтенштајн го игра мечот по кој нашата селекција ќе биде на чекор до освојување на првото место во групата и шанса да се бориме за настап на Европското првенство.

“Атмосферата во националниот тим е на највисоко ниво. И покрај оној резултат во Ерменија, силно верувам во овие момци и знам дека утре ќе победат против Лихтенштајн. Јас секогаш велам, не е важно против кого играме, но за што играме. А утре играме за една голема цел а тоа е првото место во оваа група. Сите фудбалери се подготвени, без разлика кој ќе игра. Секако, силно верувам и во Столе Димитриевски без разлика на оној меч со Ерменија. Јасно е за каков голман се работи кога брани во најсилната шпанска лига. И сигурно воопшто не се спорни неговите квалитети. Наша цел беше неколку дена тука да се аклиматизираме, и минавме успешни подготовки низ кои имавме идеални услови за работа”, истакна селекторот на нашата репрезентација, Игор Ангеловски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ