
Ангеловски: На секој натпревар одиме на победа
Во пресрет на стартот на квалификациите за Европското првенство селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски најави дека на секој дуел ќе атакуваме на победа и дека ќе атакуваме на што е можно повисок пласман.
“Списокот е стандарден, најавив дека нема да има големи промени. Мислам дека сме веќе добро воиграна репрезентација која знае што сака и на секој натпревар ќе оди на победа. Фокусот во моментов секако е на мечот со Летонија. Тоа е селекција која е составена главно од фудбалери од домашното првенство, но воопшто не е наивна. Напротив, треба максимален наш фокус и беспрекорна игра за да дојдеме до посакуваните три бода”, истакна Ангеловски.