Ангеловски го објави списокот за Летонија и Словенија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот на играчи кои ќе бидат во конкуренција за првите натпревари од квалификациите за Европското првенство против Летонија и Словенија.

Откако се рехабилитираа од повредите во составот се враќаат Стефан Ристовски и Дарко Велковски во конкуренција по подолга пауза е Кире Маркоски, а за прв пат за еден официјален натпревар повикан е Дарко Чурлинов.

Како што беше најавено и претходно, на списокот се и Иван Тричковски и Стефан Спировски иако поради повреди неизвесно е колку ќе може да помогнат за двата натпревари.

 

СПИСОК НА ФУДБАЛЕРИ:

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано), Дејан Илиев (Арсенал), Дамјан Шишковски (РОПС)

Одбрана: Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон), Висар Муслиу (Шкендија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт), Дарко Велковски (Ријека), Кристијан Тошевски (Вардар), Ѓоко Зајков (Шарлроа)

Среден ред: Енис Барди (Леванте), Стефан Спитовски (Ференцварош), Бобан Николов (МОЛ Види), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед), Ферхан Хасани (Ал Раед), Елиф Елмас (Фенербахче), Кире Маркоски (Спартак Трнава)

Напад: Горан Пандев (Џенова), Илија Несторовски (Палермо), Александар Трајковски (Палермо), Иван Тричковски (АЕК Ларнака), Дарко Чурлинов (Келн), Крсте Велкоски (Сарајево)

 

Против Летонија играме на 21 март во Скопје, а три дена подоцна во Љубљана и гостуваме на Словенија. Стартот на подготовките е закажан за понеделник 18 март.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ