Ангелов со мајсторија му го нанесе третиот пораз по ред на Вардар

Работнички ја продолжи пролетната мизерија на Вардар, откако го совлада со минимални 1-0 во градското дерби одиграно во рамки на 30.коло во Првата лига.

За „црвено-црните“ ова беше трет пораз во низа, откако на клупата седна Бобан Банунски и го замени Чедомир Јаневски. Човек на одлука на скопското дерби беше поранешниот младински репрезентативец Виктор Ангелов, кој во 56-тата минута постигна прекраен гол, кој беше доволен за триумф на „романтичарите“. Вардар веќе шести натпревар по ред не знае за триумф, а во оваа пролетна полусезона славеше само два пати.

Шкендија прокоцка можност да дојде и до петтата победа по ред, откако водеше со 0-2 на гостувањето кај Академија Пандев, но новиот шампион мораше да се задоволи само со реми 2-2. Пелистер освои важни три бода во борбата за опстанок, откако со 2-1 славеше против Силекс. Со оваа победа битолчани зад себе го оставија Скопје на последното место на табелата, кој загуби од Ренова со 2-0, а Победа беше поразена на гостувањето кај Шкупи со 3-1.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ