
Алваро Мората се враќа во Мадрид, но не во Реал
Алваро Мората е во преговори за преселба во редовите на Атлетико Мадрид, јавуваат англиските медиуми.
Голгетерот не ги оправда вложените 72 милиони евра, што се клупски рекорд на „сините“. Тој го загуби првотимскиот статус и верува дека враќање во татковината може да му ја воскресне кариерата.
Во Атлетико Мадрид би требало да има поголема минутажа, со оглед на повредата и слабата форма на Диего Коста, а истото важи и за Никола Калиниќ.
Тренерот Диего Симеоне верува дека Мората би бил идеален партнер во нападот на Антоан Гризман.