Алили: Ова не е ништо, мојот сон сега е олимписки медал

Младиот борач Бесир Алили денеска беше свечено пречекан во Скопје откако изминатиот викенд на Македонија и донесе златен медал од кадетското Европско првенство, што се одржа во Фиренца, Италија.

Дочекот на плоштадот „Скендербег“ беше организиран од Општина Чаир и од неговиот боречки клуб „Лирија“. Алили беше пречекан со зурли, тапани и огномет од неколку стотици луѓе. Од градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу доби плакета, а од првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов покрај стипендијата која веќе ја добива, ќе биде награден и со парична помош.

„Господ ми помогна многу да се вратам во игра и да победам во финалето. Имав доверба дека ќе победам и ова не е ништо, сега мојот сон е настап на Олимписки игри и таму да освојам медал“, изјави Алили пред насобраните луѓе.

„Се надевам дека твојот и нашиот сон ќе се оствари и ќе бидеш новиот Шабан Трстена, кој ќе ни донесе нов златен олимписки медал“, рече Шилегов

Алили  стана европски шампион во борење (слободен стил) во категорија до 48 килограми, откако во финалето славеше против противникот од Ерменија, Ховханисјан.

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ