Агуеро со два гола му го загорчи дебито на Сари во Челзи (ВИДЕО)

Манчестер сити по петти пат во историјата го освои трофејот во Комјунити шилд откако со 2-0 беше подобар од Челзи.

Овој дуел помеѓу ланскиот шампион и победникот во ФА Купот е своевидна најава за почетокот на Премиерлигата, која стартува идниот викенд.

Серхио Агуеро беше човек на одлука и стрелец на двата гола за „граѓаните“. Најпрво го отвори резултатот по 13 минути игра по асистенција на Фил Фоуден, а конечниот резултат го запиша во 58-та минута по брилијантното додавање од Бернардо Силва.

Интересно е тоа што Аргентинецот со двата денешни голови стана најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити и сега има вкупно 201 погодок во дресот на „граѓаните“.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ