АБА ЗАВРШИ БЕЗ ШАМПИОН,МЗТ ОСТАНУВА ВО АБА 2 ?
АБА лигата која во месец март беше прекината поради пандемијата на коронавирус нема да продолжи,одлука која останува да се официјализира после денешната видеоконференцијата. Првенството завршува без прогласување на шампион но и без испаѓање.Останува отворено прашањето дали ќе има проширување од АБА 2 лигата каде се натпреваруваше македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром. „Штрковите“ пред прекинот беа на третото место,претходно долго време на и 2.позиција а тоа значи дека и догодина ќе играат во АБА 2.Во најквалитетното друштво најверојатно ќе одат двете првопласирани екипи, Борац Чачак и Сплит.