АБА 2: ТРИУМФ НА МЗТ КАЈ СПАРС

МЗТ Скопје Аеродром  одигра во победички ритам  и во  вториот меч од новата сезона во АБА2-лигата,со победа на гости кај Спарс од 65-77.После израмнето прво полувреме од 35-34 за домашните,МЗТ  беше подобриот во продолжението и серијата од 15-3 ја искористи за победнички финиш. Американецот Џабари Хиндс како прв стрелец кај МЗТ  го заврши  мечот со 23 поени, девет скока, осум асистенции .Капитенот  Дамјан Стојановски постигна  12 поени а МВП во 1.коло, Нуни Омот со 10 поени, сите во првото полувреме.Словенечка Рогашка на 15 октомври ќе биде следниот ривал на македонскиот првак .Натпреварот е закажан во СЦ Јане Сандански.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ