
АБА 2: МЗТ ПОДОБАР ОД СПЛИТ,ПОРАНЕШНИОТ ЕВРОПСКИ ПРВАК
Во последниот натпревар од 6.коло на АБА 2 лигата,МЗТ Скопје вечерва го порази Сплит,екс европскиот првак со 104-87.Во 4-от триумф сезонава, МЗТ ја надигра поранешна Југопластика со втора најголема разлика после 25 поени предност од дуелот со Борац.Првата четвртина од пресметката во СЦ Јане Сандански им припадна на гостите од Далмација.Сплит ги заврши воведните 10 минути со водство од 25-23,но МЗТ направи пресврт во вториот период и со 51-48 замина на паузата од полувремето.Во продолжение,македонскиот вицешампион влезе во одличен ритам и со серија од 13-2 во третата четвртина направи разлика која за гостинскиот состав се покажа недостижна.Во завршните 10 минути,Металците ја зголемија разликата и по втор пат сезонава постигнаа троцифрен број поени. Џејмс Вудард и Андрија Бојиќ беа најефикасни кај МЗТ со по 18 поени, Лестер Медфорд имаше дабл-дабл од 15 поени и 10 асистенции,одлична партија прикажа и Андреј Магдевски реализирајќи 13 поени.Во наредното коло,МЗТна 7 ноември игра кај фенерџијата Вршац што е шанса да го извојува првиот триумф на гостински терен сезонава.