Има ли ризици трансплатацијата во приватни болници?

Министерот за здравство, Филипче уверува дека се предвидени заштитни мерки од евентуални криминални злоупотреби при трансплатацијата на органи и ткива во приватните болници. Запознат е со содржината на писмото од 2014та година испратено од меѓународната организација за трансплатација во која тогашниот министер Никола Тороров бил предупреден дека не е безбено во ситемот да се влучат приватните болници, но поочува дека овој пат имаме модел кој ќе исклучи каков било ризик. Процесот вели, ќе биде строго контролиран од страна на министерството, а во секој случај на трансплатација ќе бидат вклучени тимови од клиниките кои ќе работат заедно со странски лекари.

За овој модел , според минситерот биле извршени консултации со експерт од Хрватска, а во мај во државава треба да пристигне претставник од евро трансплант која е меѓународна организација за трансплатација. Лекарите тврдат дека сепак работите сепак не се така едноставни. Доцент доктор Игор Николов, како проблематичен, го наведува фактот дека со месеци нема национален координатор, а без ова тело трансплатацијата во приватни болници може да биде подложна на мамипулации. Постои опасност вели, од препродавање на органи.

Во писмото од 2014 та година испратено од здружението за трансплатација и потпишано од хртавтската национална кооординаторка за транспатација стои дека трабнсплатацијата на органи во привататни болници може да ги зголеми шансите за несоодветна алокација на органите.

„ Потсетуваме на скандалите со приватните клиники во кои ннемаше транспарентност во Косово, Албанија и во Турција.Во Косово сеуште нема развиено силен здравствен систем а 10 отсто од популацијата сеуште се лекува во приватните болници во Македонија, каде пациентите плаќаат во кеш за интервенциите. Затоа сме сериозно загрижени дека со дозволувањето на трансплантација во приватни здравствени инстутицуии ке се зголемат шансите за злоупотреби“ стои во писмото.

Според овие здруженија развивањето на силна програма за трансплантација на органи од починати донори во секторот на јавно здратсво ќе биде многу побезбедно за македонските пациенти

 

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ