„Цепелинот“ на Лекиќ и Лакрабер во ТОП 5 голови (ВИДЕО)

Вардарки по петти пат по ред ќе учествуваат на завршниот турнир во Лигата на шампиони во Будимпешта, откако со двојна победа го елиминираа Митјиланд.

Во Скопје, во саботата нашиот тим славеше со 32-25, а еден од головите на „црвено-црните“ се најде во ТОП 5 изборот на ЕХФ од реванш натпреварите во четвртфиналето.

Во реприза од минатата недела, уште еден „цепелин“ на Андреа Лекиќ повторно се најде на четвртото место. Како и на претходниот натпревар, така и сега, асистираше Александара Лакрабер, а Србинката знаеше како да реализира.


„Вардарки“ утре по ждрепката во Будимпешта ќе го дознаат противникот во полуфиналето од Лигата на шампиони.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ