ЧЕТИРИ ВАРДАРКИ КОНКУРИРААТ ЗА МЕСТО ВО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА

Петта година по ред ЕХФ овозможува навивачите да гласаат за идеалниот тим на сезоната во ЛШ.Во конкуренција се издвоени четири првотимки од таборот на ЖРК Вардар, Амандин Лејно во трка за голманската позиција, Андреа Пенезиќ за лев бек,Драгана Цвијиќ конкурира за пивотмен и Александра Лакрабер за место на десен бек во идеалните 7.Ирина Дибирова е во изборот за тренер на сезоната.Вардарки се пред пласман на Ф4 турнирот.На првиот меч од четврфиналето го совладаа на гости Митјиланд со 24-23 .Во сабота на реваншот против екипата од Данска,ЖРК има одлична можност пред своите навивачи да го завери 5-то учество на Ф4 турнирите во најсилната европска конкуренција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ