ДЕЈВИС КУП: МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ АЛБАНИЈА СО 3-0
Македонската тениска репрезентација игра во голем стил на турнирот во Пловдив што е дел од Третата Европска зона на Дејвис купот.После вчерашната победичка увертира од 2-1 со Исланд,денеска македонските тенисери со максимални 3-0 ја совладаа Албанија.Триумфот од 2.коло на А група го најави Гораз Србљак кој во првиот сингл меч одигра одлични два сета без загубен гејм против Арбер Сулстарова.Искусниот Димитар Грабул ја завери победата на Македонија во вториот сингл, со триумф од 6-3 и 6-0 над Марио Зили.Во двојки, нашата комбинација Јанкуловски / Мицов против Шипеја/ Мјештри, со по 6-2 во двата сета ја заокружи перфектната партија.Утре во пресметка за 1.место кое води до турнирското финале,Македонија ќе се сретне со домаќинот во Пловдив, репрезентација на Бугарија.