
Топ Тема на Ваша Страна: Извршители и принудна наплата (04/04.2018)
Кога и за еден денар долг извршителот ќе тропне на врата, долгот станува илјада пати поголе. И социјални случаи добиваат извршни решенија, а се случува и замена на матични броеви па извршителите тропаат на погрешна врата. Можат ли граѓаните да се спасат од наплата на големите суми на долг, од блокираните сметки? Дали измените во Законот за извршување ќе ја зголемат наплатата но и правата на граѓаните? Зошто извршителскиот тарифник се најде и на оценка на Уставниот суд?
Дебатираат Весна Деловска од Комората на извршители, Лилјана Илијевска од Канцеларијата на Народниот правобранител и Зоран Василевски адвокат и член на Левица.