Познати се четвртфиналните групи во ракометниот Куп

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија со ждрепка беа одредени четвртфиналните групи за пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија. Домаќини на турнирите се Вардар, Металург, Работник и Бутел. Вардар како бранител на трофејот не би требало да има проблем против Металург 2, а потоа и во дуелот со победникот помеѓу Борец и Металург Јуниор.

Металург се среќава со Вардар јуниор, а втората двојка на турнирот во „Автокоманда“ е Пролет против Вардар Неготино.

Еурофарм Работник во првиот натпревар се среќава со Прилеп, додека вториот дуел во оваа група е помеѓу Струга и Радовиш.

Домаќин на еден од турнирите е и амбициозниот второлигаш Бутел, кој во првиот натпревар игра со Охрид, па победникот од овој дуел се среќава со подобриот од пресметката помеѓу Пелистер и Делчево Вардар.

Во женска конкуренција четвртфиналните двојки се:

ЖРК Овче Поле СУ – ЖРК Вардар
ЖРК Гевгелија – ЖРК Пелистер
ЖРК Деспина – ЖРК Металург
ЖРК Куманово – ЖРК Вардар Јуниор

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ