
ПРАШАЈ ГО СРЦЕТО
Вил (Патрик Вилсон) е архитект од Менхетен кој се чини дека има се: успешен бизнис, убава сопруга (Еми Смарт) и син, како и нова понуда за спојување со голема фирма. Но, кога ќе се сретне со чудесната млада дизајнерка Кејт (Лин Колинс), тој почнува повторно да размислува за недостатоците во неговиот севкупен живот. Може ли човекот кој целиот живот следи зацартан план сега да најде храброст и да изгради животот каков што навистина сака?
Режија: Трејси Хеч; Улоги: Патрик Вилсон, Лин Колинс, Еми Смарт.